Времето утре ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.
Во сабота времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во недела времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во понеделник времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
УХМР издаде и актуеклно предупредување за утре и во сабота
Под влијание на влажен бран од југ утре и во сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон сабота и во сабота наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2). Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали (за 5 до 10 степени во однос на денес), а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.