Повторно на самиот врв! Прилепските велосипедисти од “Илинден” со две шампионски титули на крајот од сезоната – клубот заврши втор во екипна конкуренција

Велосипедскиот клуб & сервис “Илинден” и оваа сезона докажа дека прилепскиот велосипедизам е на самиот врв во Макеоднија.

На крајот од натпреварите за 2023 год. во дисциплините во РОАД и МТБ, младите илинденци од Прилеп се на самиот врв во ранг листите.

Андреј Маџоски е шампион во МТБ, а заврши втор на ранг листата во категорија на РОАД за јуниори, додека пак Константин Костоски по четврти пат е шампион во РОАД за кадети.

Прилепскиот клуб е вице шампион во екипна конкуренција.

Тренерот на прилепските велосипедисти, Драган Димитријоски упатува благодарност до сите кои на било кој начин го помогнаа нивниот успех и ветува нови, уште поголеми успеси во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.