Повторен оглас во Здравствен дом Прилеп: Овој пат не е предвиден за Ром? Се бара и правник

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 364/2019 за вработување на 2 јавни службеници од група I, подгрупа II во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп за следните работни места:

1. ЗДР0102В04002 Помлад соработник за правни работи, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи(1) извршител(и)

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари

2. ЗДР0102Г03005 Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи(1) извршител(и)

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно-економско или гимназија, Вишо економско, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 14.992,00 денари

Сите потребни услови за наведените огласи можете да ги погледнете ТУКА

Интересно е тоа што истиот оглас беше веќе еднаш објавен, со тоа што второто работно место (Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи) тогаш беше наменето за вработување на Ром/ка.

Одново нови вработувања во Здравствен дом Прилеп: Отворени две нови работни места




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.