Црногорската полиција го приведе на сослушување српскиот епископ Јоаникиј и уште седум свештеници на Српската православна црква, пренесува мондо.рс.
Сослушувањето било направено со цел да се соберат информации за денешната литија, пишува порталот.
Пред полициската станица се собраа голем број на граѓани за да им дадат поддршка. Свештеникот Вељо Јововиќ ги повика граѓаните да се оддалечат од станицата.
Граѓаните пееја песни за Косово и скандираа “не ги даваме црквите”.