Повисоки даноци за увоз на поволни автомобили: Eве колку ќе се плаќа


Според податоците од Царинската Управа за првите 11 месеци од 2019 година биле увезени вкупно 38.839 патнично возило, од што дури 33.267 половни и само 5.572 нови возила. Проценката е дека годинава ќе имаме продажба која ќе се движи околу 42.000 патнички возила.

Овие вознемирувачки податоци беа причина повеќе владата „во последен момент“ да преземе мерки против слењето на европскиот „крш“ на патиштата во Македонија.

Ќе се воведе нови начин на оданочување на возилата што се увезуваат. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори.
Возило со иста вредност и иста емисија на ЦО2, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на ЦО2 од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари а ако моторот е дизел – двојно повеќе.

За обнова на речиси 20 години стариот возен парк во државата ќе требаат децении.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.