Иновативна иницијатива „Истражување на превентивните мерки за Ковид-19 и презентирање на резултатите во јавност“ е во рамките на проектот – ,,Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија” – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ).
На обуката/семинарот ќе се дискутира за тоа како кopoна-kpизата влијаеше врз повеќе сегменти во општественото живеење во Македонија. Ќе бидат презентирани резултатите од спроведената анкета за превентивните мерки како и истражувањата во однос на превентивните мерки кои ги спроведе истражувачкиот тим. Меѓу другото, ќе бидат спореведни најразлични активности, игри, работилници и слично.
На обуката/семинарот свое излагање ќе имаат истражувачкиот тим, односно: Селмин Несимоски, апсолвент на Институтот за Безбедност, Одбрана и Мир, при УКИМ; Елена Ристеска, дипломиран политиколог на Правниот Фаукултет “Јустинијан Први” – Скопје, при УКИМ; Ивана Атанасоска, студентка на Филозофскиот Факултет, при УКИМ.
Обуката ќе се реализира на 09, 10 и 11 април во Охрид во хотел „Aqualina“. Превозот и сместувањето во хотелот со полн пансион ќе бидат обезбедени (бесплатно) за сите избрани учесници. За обуката ќе бидат селектирани 11 апликанти врз база на дадените одговори на подолу поставените прашања. Агендата за сите денови ќе им биде испратена на сите кандидати после нивната селекција. Повикот трае од 15.03.2021 до 29.03.2021 година.
При сместувањето и одржувањето на обуката/семинарот ќе бидат запазени сите протоколи согласно препораките за заштита од KOВИД-19.
Овој настан е изработен во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ. Искажаните ставови, мислења и содржини на овој настан не ги отсликуваат оние на донаторот, проектот или имплементаторите.
Апликацијата за учество можете да ја пополните на следниот ЛИНК.