Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на Општина Прилеп распишува повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп.
Советот на млади во Општина Прилеп е тело кое има основна цел за активно вклучување на младите во јавниот живот во Општина Прилеп.
Советот на млади на Општина Прилеп брои 9 членови.
Мандатот на избраните кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп е во максимално времетраење од 4 години без можност за повторен избор.
Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади имаат: младински невладини организации и здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.
Изборот на кандидати го врши Комисијата за општествени дејности и правата на децата во соработка со Комисијата за мандатни прашања избор и именување.
Кандидатите мора да ги исполнуваат следните услови:
Рокот за поднесување на предлог кандидатите за членови на Советот на млади на Општина Прилеп е 15 дена од објавата на овој јавен повик. Потребните обрасци за комплетирање на потребната документација можат да се преземат од прилог на овој повик или да се подигнат од приемното одделение на Општина Прилеп.
Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп, со назнака „Повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп“ се доставуваат: – Во приемното одделение на Општина Прилеп од понеделник до петок од 8:30 до 15:30 часот или по поштенски пат со назнака:
– Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата Општина Прилеп ул. „Прилепски Бранители“ бр.1
* Ве молиме пликото да биде убаво затворено и назначено со големи печатни букви – НЕ ОТВОРАЈ Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани млади од Општина Прилеп кои ги исполнуваат условите да се пријават и да бидат дел од Советот на млади на Општина Прилеп.
Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на Општина Прилеп