Само дваесетина граѓани од урбаната заедница “Центар” се појавија на средбата со градоначалникот Илија Јованоски и дел од локалните функционери.
Преку соопштение локалната самоуправа најави средби со урбаните заедници за како што рекоја транспарентно носење на буџетот на општината за наредната 2021 година.
Одлуката на градоначалникот да се организираат ваквите средби на затворено во услови кога Прилеп бележи црни рекорди на новозаболени од Ковид-19, беше со револт пречекана од граѓаните на социјалните мрежи.
Но, од друга страна пак, каков ефект и каква транспарентност ќе се постигне на ваков начин, кога на средба со граѓани од урбана заедница присуствуваат само 20 луѓе? Како да се работи за некоја рурална средина, а не за градска каде живеат по неколку илјади граѓани во секоја урбана заедница.
Граѓаните со право си го поставуваат прашањето: “Дали на ваквите средби поканети се и пристап имаат само партиските истомисленици на локалната власт?”
Или пак се работи за бојкот и револт кон оваа локална власт од граѓаните?
Како и да е, на Јованоски му остануваат уште неполна година дена од мандатот, па за одговорот на мислењето на јавноста нема да чекаме уште многу долго.