Повеќе не е во старата општина: Општинската изборна комисија во Прилеп има нови простории

Општинската изборна комисија Прилеп повеќе не е сместена во старата општинска зграда. Поради дотраената состојба и нефункционалноста на канцелариите, комисијата се пресели во нови простории во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Претседателот на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски, информира дека во новата локација ќе се реализираат сите активности поврзани со претстојните локални избори во 2025 година.

Се очекува просторот да биде значително пофреквентен, особено со оглед на најавата од Државната изборна комисија (ДИК) за намалување на прагот за учество на локалните избори во октомври. Ваквата промена ќе им даде можност на независните кандидати, преку собирање потписи, да се вклучат во изборната трка за градоначалнички и советнички места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.