Вчера во последниот натпревар од 19-то коло (прво од третиот круг) на првенството на Втората лига, фудбалерите на Победа ја совладаа домашната Македонија на стадионот во Ѓ.Петров со 1-3. Во извонредно значајниот натпревар победашите одиграа со срце на терен, максимално ангажирано од првиот свиреж на штипскиот судија Стојанов. Агресивната игра од самиот старт резултираше со два брзи гола-во 4-та минута, силниот и максимално прецизен волеј на Гешоски за 0-1 и милимиетарски прецизниот и за Георгиевски неодбранливиот удар на Шаркоски. Двајцата наши стрелци по неколку месечен пост се запишаа во листата на стрелците. Во 17-та минута Македонија намали на 1-2, со голот на Јанчевски, по сигнализација на победашите на нерегуларен начин, ја примил топката со рака пред да ја затресе мрежата на Манчевски. До крајот на првиот дел Победа преку Мирчески имаше извонредна шанса да зголеми на 1-3, но одбрани Георгиевски, како и рекламирање на игра со рака на еден од домашните играчи пред својот гол, а Македонија се обидуваше главно по досудени прекршоци од слободни удари и нафрлени топки да стигне до израмнување.
Во вториот дел одново полна контрола на теренот имаа фудбалерите во црвено-бели дресови, кои максимално ги затворија сите пристапи кон својот гол, а на противничката половина се закануваа од брзи акции, по кои две полушанси имаа Мирчески(неговиот млак удар го одбрани Георгиевски) и Дунимаглоски, кој биеше со глава неколку снатиметри покрај дирекот. Во друг обид неговиот шут домашниот голман го одбрани, исфрлајќи во корнер. По неколку минутниот прекин, за кој заедно со измените, судијата Стојанов натпреварот го продолжи за 7 минути, Мирчески стави точка на натпреварот зголемувајќи за на 1-3 и со тоа рехабилитирајќи се за неискористената шанса во првиот дел. Се на се заслужена победа на нашите фудбалери кои во сите елемнти на фудбалската игра го надиграа домаќинот и покажаа дека се подобар тим од Македонија, која се спаси пред 17 дена само благодарение на нашите неискористени шанси, извлече бод играјќи 0-0.
Македонија: Георгиевски, Џангаровски, Божиновски, Костовски(од 61 мин Љама), Фетахи(од 46 мин Николовски), Јанчевски, Здравковски, Мишовски(од 61 мин Никанчевски), Иваноски, Рамадан и Стојкоски.
ПОБЕДА: Котевски(од 1 мин Манчевски), отески, Мегленски, Ристевски, Колевски, Гешоски, Шаркоски(од 58 мин Здравески), Дунимаглоски, Димитриоски, Мирчески и Наумоски(од 66 мин Петрески).
Во следното 20-тто коло Победа е домаќин на Тетекс.