Со два убедливи триумфи, вчера против Металург со 5:1 и денес во финалето против Тиквеш со огромни 6:0, Победа го одбрани трофејот на меморијалниот турнир “Вуко Каров”.
Со денешното доделување на наградите заврши 18-то издание на турнирот, кој традиционално се одржува во Кавадарци.
Најдобар стрелец на турнирот е играчот од Победа Даниел Карчески, а најдобар играч домашниот голман Ангелков.
Пехарот за прво место го прими капитенот на Победа Александар Крстески, по што следеше фотографија со најверните навивачи, кои и денес беа со својот миленик.