Победа се сели во Кавадарци, уште таму немаше играно како домаќин

Прилепска Победа избра нов домашен терен и првпат сезонава ќе биде домаќин на „Градскиот стадион“ во Кавадарци. В среда од 15:30 часот екипата на Тони Мегленски ќе ја пречека струмичка Академија Пандев во возвраниот натпревар од полуфиналето на Купот.

„Пандевци“ имаат предност од 3-1 од првиот натпревар и се поблиску до првото финале на Купот во клупската историја.

Претходно сезонава Победа на домашен терен играше во Битола, Турново, Струмица, Охрид и Кичево.

Дејан Јакимовски е делегиран за главен судија на натпреварот во Кавадарци, а мечот во Ѓорче Петров ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид.

ИЗВОР: “ГОЛ.МК”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.