ПОБЕДА ПОТВРДИ: Јане Николоски ќе ја води Победа на дуелите со Македонија и Шкендија

На денешниот состанок Бордот на директори на ФК Победа поради слабите резултати на екипата на послендите натпревари да го разреши од функцијата прв тренер на сениорскиот тим Тони Мегленски и да го назначи актуелниот Спортски директор Јане Николоски за прв тренер на екипата за престојните два натпревари до крајот на полусезоната.

-И за мене беше малку изненадувчки во овој период. Сигурно дека не баш е најдобар тајмингот, меѓутоа јас сум во клубот и треба да одговорам на секоја задача која Бордот на директори ќе ми ја додели. Овојпат се одлучија да јас во овие два натпревари ја водам екипата. Ниту Јане Николоски, ниту било кој тренер, не е маѓионичар, па ќе дојде и сето тргнува како подмачкано. Мое е што можам да ветам дека ќе пробаме оние добри работи кои Победа ги имаше во изминатиот дел на сезоната да ги задржеме и ако можеме малку да ги подобриме, а она што беше помалку добро ако можеме да го исправиме и да го подобриме и да се надеваме дека следниве два натпревари ќе оствариме добри резултати. Дека в недела ќе ја совладаме Македонија ЃП и ќе ја избегнеме црвената зона каде што се наоѓаме сега и дека како спас на сезоната ќе ни дојде реванш мечот од купот со Шкендија, кој се надевам дека нема да го загубиме и дека ќе се пласираме во полуфиналето кое за нас ќе биде огромен мотив и голем успех. Што ќе биде после овие два меча незнам. Тоа е веќе одлука на Бордот на директори-дали ќе се бара и кој ќе биде следен тренер на ФК Победа. Мене ми е доверена задача за следните 2 натпревари кои не се во многу добар момент затоа што имаме два значајни исклучително краток временски период. Не е алиби, дека ако не се направи успех јас немав време. Јас ќе пробам она што можам да го направам, она што го имам како фудбалско знаење да го пренесам на играчите, она што е моја фудбалска филозофија на игра во овој краток период да им го наметнам за да направиме добар резултат на крајот на полусезоната.

В недела во рамките на последното 18-то есенско коло од првенството на Првата лига Победа во Кичево (од 13 часот) ќе ја пречека Македонија ЃП, а во среда на 5-ти декември во реванш мечот од ¼-финалето на Купот на Македонија ќе биде домаќин на Шкендија со предност од првиот меч од 1-0.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.