Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во натпревар од 23-то коло на Втората лига Исток, фудбалерите на Победа по третпат сезонава го совладаа составот на Осогово од Кочани со 2-1, полувреме 2-1.
Црвено-белите во раната фаза од мечот – по само 11 минути игра остварија предност од 2-0 со головите на Јорданчо Нуамоски (7 минута) и Бојан Спиркоски (11 минута), гостите погодија од прекин и може да се рече дека практично тоа беше се’ што околу 1.000 незадоволни гледачи видоа на денешниот натпревар.
Победа: Котески, Бошески, Христов, Стомнароски, Ангелески, Карчески (од 46 мин Јошески), Петејчук, Ј.Наумоски (од 87 мин Ф.Димоски), М.Наумоски (од 83 мин Дебрешлиоски), Б.Спиркоски и Мазари.
Резултати од денешното 23 коло: Победа-Осогово 2-1, Кожуф-Братство 0-0, Слога-Локомотива 8-0, Беласица-Саса 2-0 и Пехчево-Детонит 0-1.
Табела:Слога 51, Победа и Беласица по 50, Саса 44, Кожуф 28, Пехчево и Осогово по 27, Детонит 24, Братство 14 и Локомотива 6 бодови.
Во следното 24 коло на 23 април од 16 часот ќе играат: Саса-Победа, Братство- Детонит, Осогово-Слога, Беласица- Пехчево и Локомотива -Кожуф.