Во првиот пријателски меч попладнево во Охрид Победа одигра 1-1 со второлигашот Новаци. По напорната прва фаза од подготовките во Прилеп, а само неколку часа по пристигнувањето во Охрид, прилепчани одиграа добар меч.
Имаа повеќе од играта и изгледни шанси кои не ги искористија Најдовски(2), Рамон, Карчески, Мустафов и Гешоски. Победа поведе преку Шаркоски во 39-тата минута, а Новаци израмни во 84-тата минута преку Јованоски.
Следниот меч на програмата е на 29-ти јануари со Борац Чачак. На 31-ви со Спартак Суботица, на 1-ви февруари со Крупа Врбас (БИХ) и на 4-ти февруари со Велазерими.
До почетокот на првенството планирани се и тест мечеви со Хоризонт на 9-ти февруари и учеството на турнирот “Вуко Каров” во Кавадарци.