Фудбалерите на Победа попладнево го доживеаа и четвртиот последователен пораз.
На гостувањето на националната арена “Филип Втори”, победашите со 3:0 беа поразени од Вардар, па сега се наоѓаат само на чекор од самото дно од прволигашката табела.
Oд 17 одиграни кола, Победа има исто толку бодови, а под нив само поради полоша гол разлика е Беласица со исто така 17 бодови и Силекс со 15 на дното.
Брдаровски му донесе водство на Вардар на полувремето, а во второто стрелаа уште Попзлатанов во 67-та и Исени три минути подоцна за конечни 3:0.
Веќе викендов, во сабота, Победа како домаќин ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, екипа од која Победа веќе има еден пораз сезонава со 1:0.
Иако беше најавувано бомбастично атакување на некое од горните места на табелата, се чини не е се така розово во редовите на прилепскиот миленик.