Фудбалерите на Победа според очекувањата изборија пласман во четртфиналето на Купот на Македонија. Во денешниот реванш осминафинален натпревар, одигран на теренот со вештачка трева во Прилеп, совладан беше второлигашот Новаци со 5-0, полувреме 2-0.
Стрелци на головите за Победа беа: Гешоски, Здравески, Спиркоски и најмладиот на теренот Лука Трајкоски со два гола. Треба да се одбележи дека првите голови во црвено белиот дрес ги постигнаа Бојан Спиркоски и Лука Трајкоски, кој иако далеку најмлад беше еден од најзабележителните-ако не и најдобриот актер на мечот. Пласманот меѓу 8-те најдобри е изборен со вкупен резултат 7-1. Ова беше само третиот официјален меч во текот на една година на Победа одигран во Прилеп (по последните два домашни дуели од минатогодишната второлигашка сезона со Љубанци и Велазерими), а прв откако се стекна со прволигашкиот статус.
Иако настапи со комбиниран тим прилепскиот прволигаш го декласира гостинот од Новаци. И онака убедливиот триумф можеше да биде уште поубедлив доколку се искористеа големиот број создадени шаси на Здравески, Гешоски, Карчески, Спиркоски, Л.Трајкоски… Пласман во четвртфиналето оставрија уште:Брегалница(со две победи над Тетекс 4-0 и 1-2), Шкупи(со две победи над А.Пандев 0-1 и 3-1) и Силекс(победа дома над Турново со 2-1 и реми во реваншот 3-3). На 19-тти се играат реванш натпреварите Шкендија-Работнички(2-0 во првиот меч) и Вардар-Велазерими(3-1 во првиот меч) а на 20-тти ќе играат Ренова-Пелистер(победа на битолчани од 2-0 во првиот натпревар). Според календарот на ФФМ четвртфиналните натпревари се на програмата на 26-ти октомври и на 7-ми декември(како последен меч од есенската полусезона, по одигрувањето на последното 18-тто коло со кое завршува вториот круг).