Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа во меч од 9-тото коло на Првата лига загубија од Шкендија со 1-3, полувреме 1-1.
Кога ќе се сумираат случувањата на теренот се чини победата на тетовчани е заслужена. Имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси, погодија рамка на голот и на крајот сепак квалитетот беше пресуден за конечниот исход на дуелот, кој можеше да биде и поубедлив да не беа неколкуте одбрани на капитенот на Победа Тофилоски.
Победа стигна до рано водство со еврогол на Џурковиќ во 12-та минута, а Шкендија возврати во 45-та со погодокот на Дориев за 1:1 на полувремето.
Во вториот дел Шала донесе водство за тетовчани, а Дориев со втор погодок во судиското продолжение ги запечани трите бода за Шкендија во Прилеп.
Победа останува на десеттото место на табелата, откако и Скопје загуби на гостувањето кај Тикевеш, а во наредното коло црвено-белите ќе гостуваат кај Силекс во Кратово.