Победа играше со Слога Виница во Битола и пак не победи

Попладнево на Стадионот под Тумбе кафе во Битола, во натпревар од 22-то коло на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа одиграа нерешено без голови 0-0 со Слога од Виница.

Тоа беше шести нерешен меч, од вкупно досега одиграните 11 дуели за бодови на свој терен. Мечот се играше во Битола со надеж дека црвено-белите ќе го искористат подобриот терен (од оној на Могилата), за да стигнат до толку посакуваните 3 бода.

И навистина избраниците на Крстески одиграа далеку поквалитетно од изданијата во претходните кола, и беа многу подобар тим од гостите од Виница.

Ова особено се однесува во првите 45 минути, кога имаа и неколку изгледни шанси (Најдов, Митрески, Дунимаглоски и Неделков во вториот дел).

Во глобала Победа ја имаше теренската иницијатива и многу повеќе топката во свој посед, но и денес до израз дојде неефикасноста во самата завршница и отстуството на тој толку посакуван точен завршен пас, по кој би се креирала опасност и би се загрозил противничкиот гол.

Победа: Котевски, Бошески, Петроски, Стомнароски, Дамевски, Митрески (од 58 мин Кисески-Илијоски), Дунимаглоски, Јошески (од 62 мин Неделков), Ангелески, Најдов (од 78 мин Димитријески) и Грозданоски.

Резултати од 22-ро коло: Победа-Слога Виница 0-0, Плачковица-Брегалница 0-2, Осогово-Кит Го 0-1, Кожуф- Саса 1-0 и Росоман-Тиквеш 1-1.

Табела: Брегалница 58, Тиквеш 49, Кит-Го 38, Кожуф 35, Осогово 29, Саса 28, Слога по 23, Победа 17 Плачковица 11 и Росоман 9 бода.

Во наредното 23-то коло во сабота на 17-тти април ќе играат: Саса-Победа, Слога-Плачковица, Брегалница-Росоман, Тиквеш-Осогово и Кит-Го –Кожуф.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.