Победа и се враќа на општината: Акционерите ќе ги вратат акциите

ФК „Победа“ ќе се врати на градот. Одлучено билио акционерите да ги вратат акциите на општината, а потоа истите да бидат понудени на берза за да може да се купуваат. Ова се првични информации за тоа во кој правец ќе се одвива иднината на прилепска Победа, а повеќе детали се очекува да бидат соопштени идната недела. Денеска еден од акционерите, менаџерот на Комфи Ангел, Ирена Јакимоска истакна дека Победа мора да се спаси и да се врати кај прилепчани и сите љубители на фудбалот – објави порталот “Инфокомпас”.

„Сакаме клубот да му го вратиме на градот каде ќе можат повеќе стопанственици да партиципираат во фиинансииската конструкција на клубот, се до моментот додека не се направи некоја структурна промена се со цел за да може да се задржи фудбалот во градот. И самите знаете дека ние издржавме во многу тешки услови, каде што немавме никаква инфраструктура, без стадион и сепак опстанавме во прва лига. За брзо време стадионот ќе биде реновиран и би било штета да не се задржи ова ниво на фудбалскиот клуб. Ја повикувам прилепската јавност навистина да се фокусираме, да го спасиме клубот, да го задржиме на ова ниво, се со цел да го вратиме онаму каде што треба, а тоа е на прилепчани на љубителите на фудбалот“, истакна Ирена Јакимоска, акционер во клубот.

Јакимоска се надева дека полека ќе започне развој на спортот кај нас и дека ќе се осознаат сите недостатоци во однос на поставеноста на спортот за да може истите и да бидат отстранети.

„Мора да има финансиска оправданост доколку вие како стопанственик инвестирате во некој клуб. Нажалост клубовите кај нас не се во можност да имаат финансиски повраток на средстствата коии ги даваат стопанствениците. Не е е лесно да сте стопанственик, еднакво е на народен херој. За да можете да се одржите нивото на развој, стабилност, зголемување на животниот стандард на вработените, а исто времено да сте извозно орииентирани и да сте конкуретни таму на тие пазари каде што не е едноставно. Јас верувам дека времето ќе биде на наша страна и полека ќе се надоградиме и ќе ги осознаеме нашите недостатоци во однос на поставеноста на спортот во нашата држава и полека ќе се враќаме таму каде што е клучното, сепак спортот е еден од главните амбасадори за презентација на градот и државата“, додаде Јакимоска.

Извор: “Инфокомпас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.