Екипата на Победа пред неколку дена ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Прилепчани за пролетните предизвици ќе се подготвува на домашно тло, а паралелно со тренинзите ќе одигра и неколку контролни натпревари кои ќе служат за воигрување на екипата предводена од Крстевски.
Првиот тест меч на 24-ти јануари ќе биде со третолигашот Напредок Крушеани, на 27-ми јануари во Кичево следи дуелот со второлигашот Велазерими.
Третиот закажан дуел е со прволигашот Пелистер на 7-ми февруари во Битола, на 13-ти следи дуел со уште еден второлигаш – Велешта во Охрид, а “генералката” на 20-ти февруари со Тиквеш.
Останува евентуално да се договори уште еден тест натпревар во терминот сo 13-ти до 20-ти февруари за кој се бара спаринг партнер – информираат од клубот.