Со погодокот на Костовски во 11-та минута, ФК Осогово од Кочани ја порази Победа и ја елиминираше уште во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија.
Ова е втор пораз за прилепчани од Осогово летово, откако кочанчани претходно во пријателски натпревар ги совладаа црвено-белите со високи 6:0.
Со оглед дека во 16-финалето од Купот нема повратни натпревари, Победа после првите 90 минути во ова натпреварување ги пакува куферите, па за прилепчани остануваат само натпреварите во Втората лига.