По поразот во средата од Арсими со 1:2, Победа попладнево забележа нов пораз на домашен терен од екипата на Охрид, иако домаќините во пресрет на натпреварот беа фаворити.
Крајниот резултат денеска беше 0:1, а го постави Дуков во 61-та минута од натпреварот, а црвено-белите не се заканија ниту малку сериозно кон гостинскиот гол.
Со овој резултат прилепчани се заковани речиси на самото дно од второлигашката табела со 4 бода, а зад нив се само Борец со 3 и Вардарски со 2 освоени бода.
И ако од овие два врзани домашни дуели се очекуваа барем 4 освоени бода, Победа остана на истото бодовно салдо, а тешко дека нешто ќе се промени и во наредното коло, кога црвено-белите имаат тешко гостување кај Башкими.