Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот на Могилата во Прилеп го доживеаа десеттиот овосезонски пораз во Втората лига – Исток, а од клубот соопштија дека судиската тројка и ја донела победата на Брегалница.
Клубското соопштение го објавуваме во целост во продолжение:
Попладнево на стадионот на Могилата во Прилеп во првенствен натпревар од 16-тото коло на Втората лига_исток со голема помош и по заслуга на судиската тројка Брегалница ја совлада Победа со 2-0. Во меч кој се одигра во најголем дел по врнежливо време и тежок терен за игра кој не овозможуваше да се игра допадлив фудбал главниот судија Костенчев и неговиот прв помошник Ицковски(и двајцата од Скопје) со две свои судиски одлуки директно го скроија конечниот резултат на натпреварот. Победа со пристапот, желбата и учинокот не заслужи да загуби. Брегалница неспорно играчки гледано е поквалитетен тим во моментов но денес не ги наигра домаќините а штипјани до 3-те бода дојдоа благодарение на судиската краќба што и беше нанесена на Победа.
Во 3-тата минута спорен момент во гостинскиот казнен простор каде беше фаулиран Дунимаглоски но судијата Костенчев енергично одмавна со рацете доавајќи знак играта да продолжи. Но затоа можеби и клучниот момент на мечот се случи во 25-тата минута кога по грешката на нерешителниот Андреевски топката стигна во казнениот простор на Победа. Стоперот Петкоски чисто стартуваше на топка и ја изби пред Додев кој отпосле падна а Костенчев на изненадување на сите фудбалери, домашната клупа, а веројатно на задоволство на гостите покажа на белата точка. Поклон каков на својот тим не би подарил ни гостинскиот тренер Илиевски(кум на екс претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски). Подарениот пенал во водство на гостите од 0-1 го претвори Георгиев. И пред голот а и по него домашната клупа во неколку наврати реагираше на преснажните стартови со тело и раце на гостинскиот капитен Стојанов врз домашниот напаѓач Анастасовски. Тој ниеднаш не беше заштитен, за да ваквиот критериум на Костенчев резултира со уште еден таков старт на Стојанов врз Анастасовски во 38-та минута по кој домашниот играч заработи тешка повреда на коленото, по која најверојатно за него сезоната е завршена! А гостите одиграа неспортски во моментите потоа- 2-3 минути не исфрлувајќи ја топката надвор од теренот за да се изврши замената во Победа-во игра да влезе Гешоски на местото на Повредениот Анастасовски.
Кулминација на тенденциозната арбитража на луѓето во жолто се случи во 64-тата минута кога по еден центаршут Бакрачески играше со рака-што не беше санкционирано од помошниот судија Ицковски а ни од главниот Костенчев. Домаќините реагираа кај судиите кои не досудија ништо а гостите умешно ваквиот подарок од контранапад преку Додев го претворија во втор гол за водство од 0-2. Психички оптоварени од пристрасното судење на арбитрите сепак фудбалерите на Победа до крајот успеаа да креираат неколку ситуации да го загрозат гостинскиот голман Талески. Кисески-Илијески со глава биеше во него, во две ситуации Гешоски биеше непрецизно над голот, како и Колески со глава во самиот финиш.
Се на се нов 9-тти пораз на црвено-белите кој ги закомплицира и дополнително ги намали шансите во борбата за опстанок. Позар кој е незаслужен и оди на душа на судиите, но кое фајде на Победа и ако бидат снакционирани за своите грешки на нејзина штета. Бодовите си остануваат на контото на штипјани кои пак со играта денес не покажаа дека имаат прволигашки квалитети.
Победа:Столевски, Андреевски(од 38 мин Наумоски), Петкоски, Дамески, Колески, Ангелески, Дунимаглоски, Кисески-Илијоски, Дунимаглоски, Каралиоски(од 53 мин Ефремов) и Анастасовски(од 42 мин Гешоски).