Откако СДСМ на чело со Зоран Заев почна да ги спроведува на дело најавите за двојазичност, беа поставени табли на партиските штабови во Чаир напишани на македонски, но и на албански јазик.
Сега, по хаосот кој со двојазичната табла во Чаир, се распаѓа и општинската организација на СДСМ во Гази Баба.
Од оваа општинска организација не го кријат револтот за поделеноста во партијата и за непочитувањето на статутот.
-И така е килава работава во О.О. Гази Баба скоро 1.5 година и како е можно, ама изгледа е можно со раководството, да не се почитува статутот на СДСМ, во Гази Баба да се одржуваат состаноци по месните организации со присуство од 5 до 15 луѓе (и тоа во некои месни имало луѓе и што не биле членови на сдсм ама им излегле во сусрет) а треба да бидат присутни 30% од запишаните членови и да си се предлагаат меѓу себе за листа на пратеници. Ама што е најчудно, записниците поминале во Гази Баба со предложените предлози, напишаа тие на ФБ.