Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната 26 до 33 степени.
Денеска и утре во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне нестабилно особено во планинските региони. Ќе има појава на пороен дожд, грмежи и можна е појава на град. Во вторник се очекува облачност уште од претпладне, а и понатаму ќе биде нестабилно во попладневните часови. Од вторник северозападниот ветер ќе преминува кон западен и југозападен, а во среда краткотрајна нестабилност е можна на југот.