Фудбалерите на Победа викендов го доживеаја најтешкиот пораз, каков можеби не се памети никогаш. На гостувањето кај Скопје, црвено-белите беа поразени со 8:1, а сега останаа и без тренер.
По поразот и слабиот старт на сезоната, оставка од тренерската позиција си даде Стојанче Дунимаглоски. Иако резултатите и состојбата во клубот се најмалку негова вина, Дунимаглоски сепак одлучи да се повлече.
Победа во моментов се наоѓа на претпоследното место на второлигашката табела, а зад неа е само ФК Големо Коњари.
Сега, се очекува раководството на клубот, да донесе одлука кој ќе го наследи Дунимаглоски. Кој и да е, ќе мора да се справи со очајната ситуација во прилепскиот фудбалски гигант, и носителот на титули во ПМФЛ шампионатот.