Светскиот ден на срцето 29 септември е можност барем еднаш во годината, секој да размисли за сопственото срце, за сопственото здравје и за здравјето на најблиските. Превенцијата на кардиоваскуларните болести е најважниот сегмент за заштита на срцето. Важна е секоја минута, секој ден, важен е секој живот.
За таа цел, интернистичката амбуланта ПЗУ Плодност Интермед од Битола, до крајот на септември организира кардиоваскуларни прегледи по значително пониски цени. Комплет кардиоваскуларен преглед, кој опфаќа ехокардиографија, доплер на каротиди и доплер на вени и артерии, ќе чини 2500 денари, на сите кардиоваскуларни услуги ќе има попуст од 30% од редивните цени, а на 30.09.2024 (понеделник) ќе се организираат бесплатни кардиолошки прегледи.
За да не биде доцна, направете нешто повеќе за Вас и за Вашето срце. Закажете термин на 075 758 492.