По објавата на Дуа Липа на социјалните мрежи со картата на голема Албанија, се огласија и нашите естрадни уметници.
Влатко Лозаноски, Некст Тајм и Ламбе Алабакоски експресно реагираа, па на своите инстаграм и Фејсбук профили објавија историска карта на Македонија.
На oбјавата на Дуа Липа бурно реагираше и Твитер заедницата, како и повеќето граѓани од своите лични профили.