По навреда кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, прекината комисиската седница за земјоделство

Седницата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на чиј деневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно медицински препарати денеска беше прекината по усвојувањето на дневниот ред по упатена нефоrмална навреда кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на Комисијата, како што информираат од собраниските служби, нема да продолжи денеска.

Повеќе пратеници меѓусебно зборуваа кога заменик-министерот за земјоделство Благе Цветковиќ почна да го образложува предлог-законот.

Претседателот на комисијата Димитар Стевананџија на два пати ги замоли присутните пратеници да не зборуваат, а потоа реагираше и пратеничката од СДСМ Татјана Прентовиќ, која замоли тие повторно да бидат опоменати.

Во тие моменти една од пратеничките од СДСМ неформално, без вклучен микрофон, упати навреди кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа Стевананџија ја прекина седницата, потенцирајќи дека таа ќе продолжи откако пратеничката ќе се извини за кажаните зборови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.