По лажните дојави за поставени бомби заседаваше кризниот штаб во Прилеп (ВИДЕО)

По дојавата за наводно поставени експлозивни направи во три прилепски училишта, Градоначалникот на Прилеп свика итна седница на Општинскиот кризен штаб, на која стана збор за актуелностите со дојавите на бомби во прилепските училиштата и за безбедносната состојба во градот.

Градоначалникот на Прилеп истакна дека безбедноста на децата, учениците и воопшто, на граѓаните на Прилеп е на прво место и нагласи дека како прв човек на градот ќе остане во контакт и во координација со сите надлежни институции до целосно расчистување на овие случаи кои предизвикаа паника кај родителите, децата и вработените во образовните колективи каде беше потенцирано дека се поставени експлозивни направи. Воедно, на седница на Општинскиот кризен штаб тој побара од МВР да ги преземат сите мерки за справување со лажните дојави за бомби во прилепските училишта, со цел да не се повтори и да не се создава паника кај граѓаните на Прилеп, кога е во прашање безбедноста на градот.

На седницата на Општинскиот кризен штаб присуствуваа: градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет на општина Прилеп, претставници од општина Прилеп, од МВР – ОВР Прилеп, преставници од ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија, јавните здравствени установи, преставници од подрачната единица на ЦУК – Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.