По две децении повторно видена рибата која „оди“

Ретка риба која „оди“ и постои само во Австралиjа е забележана првпат по 22 години кај Тасманија.

Розовата риба последен пат била видена од нуркач во 1999 година, а забележана била само четири пати. Во страв за нејзиниот опстанок, официјалните лица неодамна ја класифицираа како загрозен вид.

Австралиските истражувачи сега велат дека повторно ја нашле рибата, и ја снимиле со подводна камера претходно годинава. Рибата е забележана на длабочина и во отворени води поголема од претходните живеалишта.

Научниците првично мислеле дека рибата е плитководна која живее во заштитени заливи, но сега била пронајдена на длабочина од 150 метри.

Рибата има несразмерно големи „раце“ со кои покрај пливањето, „шета“ по морското дно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.