По две години пауза се враќа “Tур Де Галичица” – Oва е програмата!

После оправданата пауза од 2 години Тур Де Галичица се враќа на сцената со побогато и проширено издание на кое ќе бидат застапени неколку видови на спортови и тоа:

• Велосипедизам
• Спортско качување
• Параглајдинг
• Планинарење

Трчање на 5км низ улиците на Ресен

Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „ПРЕСПА БАЈК“ и Националниот парк Галичица. Истите ќе се погрижат Преспа да биде центар на активниот туризам во периодот од 07 до 09 јули и ќе им понудат тродневно уживање на љубителите на спортот, природата и на вкусната храна и мезалаци.

За спортското качување ќе се погрижат инструктори од Спортско качувачка федерација на Македонија, кои ќе постават јажиња на неколку насоки со различна тежина и ќе им помогнат на сите оние кои што ќе сакаат да пробаат да качуваат.
Параглајдинг летовите се во организација на клубот за параглајдинг „КОНДОР“ од Прилеп. Сите учесници кои ќе се пријават за учество на настанот, ќе можат да ја искористат поволноста за тандем лет по промотивна цена од 4000 денари.

07 јули 23г (петок)
Ресен
18.00ч Прес конференција на Градоначалникот на Ресен и организаторот на настанот на кој ќе биде промовиран проектот и активностите кои следуваат
19.30ч Ноќно трчање низ улиците на Ресен (Ресен трчаТ) 5км
21.00ч Доделување на Дипломи на учесниците од страна на Градоначалникот на Ресен

08 јули 23г (сабота)

Стење

08.00ч – 15.00ч Пристигнување на учесниците и сместување во кампот, кој ќе биде лоциран на плажата во Стење
10.00ч – Отворен ден за летање тандем со параглајдер
15.00ч – 18.00ч – Подигање на стартни пакети од пунктот во Стење
18.00ч – Дегустација на локални специјалитети (ѓомлезе, циронки и сл) во кампот во Стење
20.00ч – Журка на плажата во Стење со настап на бенд и DJ
09 јули 23г (недела)

Стење

09.00ч – Старт на планинарската тура до Магаро од плоштадот на Ресен.
09.00ч – 18.00ч – Отворен ден за качување по карпи (качувачки локалитет Стење)
10.00ч – Старт на велосипедската тура Tour De Galichica (плоштад во Ресен)
10.00ч – Отворен ден за летање тандем со параглајдер
10.00ч – Старт на рекреативна велосипедска тура Стење – Коњско со организирана посета на Змискиот остров со чунка
17.00ч – Враќање на спортистите во кампот
18.00ч – Дегустација на локални специјалитети (ѓомлезе, циронки и сл) во кампот во Стење
19.00ч – Завршување на манифестацијата

За сите детални информации во секое време можете да се обратите кај :

Крустијан Ќулумовски
078 254 443

Дејан Димиџијевски
075 282 207




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.