Низ забава, игра и песна, а во организација на ООУ „Блаже Конески“ со поддршка на Локалната Самоуправа, градот под Марковите кули вчера беше домаќин на вториот меѓународен проект насловен „Топкарија“. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја поздрави оваа иницијатива во која учениците можат да се дружат и да бидат физички активни.
„Учениците се дружат низ разни дисциплини: има квиз на знаење, има мал фудбал на мала трева, игри на вештини и други спортски активности поврзани со разни спортски реквизити и многу ми е мило што Локалната самоуправа дава поддршка на манифестации од ваков тип, посочи Марија Дулеска директорка на ООУ „Блаже Конески“
Во проектот се вклучија четири основни училишта од Прилеп и ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Меѓународниот проект се спроведува во 10 држави: Словенија, Австрија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Македонија и во Црна Гора и ги вклучува учениците од основните одделенија.
Покрај натпреварувачкиот дел, манифестацијата беше збогатена и со ревијални настапи на ученици со различни музички точки.