По втор пат ќе се организира натпреварот “Даунхил Топташ” во организација на Клубот за екстремни спортови “Скај Рајдерс – Прилеп”.
Натпреварот ќе се одржи на 22-23 април во месноста “Топташ” Прилеп.
Натпреварот ќе биди поделен на три категории: “Фул Суспензија: +18 Елите, -18 и категорија Хардтаил.
Патеката е со должина околу 2км на која има: скокови, кривини, карпести секции, дропови, дрвени рампи. Учеството на натпреварот е 500 ден.
На трката ќе има организиран превоз за двата дена до стартот, сендвичи, вода, маичка за секој натпреварувач, електронско мерење, прва помош, слободен простор за кампување, снимање и фотографирање низ патеката, судии низ патеката, награден фонд.
Задолжително за секој натпреварувач е да има исправен велосипед и кацига. На 22 Април ќе се одржат тренинг возења, а на 23 Април ќе се одржат клалификациска трка и официјална трка.
Линк за пријавување: