По Битола вечерва и Прилеп на нозе: Во 20 часот доаѓа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Вечерва со почеток од 20:00 часот во големата сала на старата општинска зграда во Прилеп, гостува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од партијата ги информираат сите членови, симпатизери, но и секој граѓанин кој е разочаран од политиките на актуелната влада, да присуствуваат и да слушнат директно од лидерот на партијата за моменталните и идни чекори на партијата.

Се очекува Мицкоски да ги повика прилепчани масовно да присуствуваат на најавениот протестен собир во сабота со почеток од 20 часот пред Владата на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.