Откако пред неколку дена објавивме дека опасна змија се појави во близина на градинката кај работничкиот универзитет “Пере Тошев” во Прилеп, местото вчера осамна исчистено.
Според корисниците на социјалните мрежи змијата излегла од напуштен приватен имот кој беше обраснат со зеленило и апелираа надлежните или сопствениците да го исчистат местото.
Граѓаните од овој дел на градот беа исплашени дека би настанале несакани последици доколку не се рагира.
Вчера местото осамна исчистено и граѓаните можат слободно да дишат.