Утрешниот реванш натпревар од 1/8-финалето на Купот на Македонија меѓу Победа и Новаци наместо во Битола ќе се игра во Прилеп.Натпреварот ќе се игра на теренот со вештачка трева со почеток од 14,30 часот.
До оваа промена доаѓа откако Претседателот на Победа д-р Гоце Ингилизов издејствува овој реванш меч да се игра во Прилеп. Ова несомнено ќе предизвика голем интерес и задоволство на љубителите на фудбалот кои за првпат по 8 години ќе можат да ја видат прволигашка Победа во својот град.
Благодарност до ФФМ која излезе во пресрет и ни го одобри ова барање со оглед на фактот дека Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, ќе се реновира уште неколку месеци. Ова е ретка и убава можност да ги бодриме нашите играчи во Прилеп!