По 105 дена без ревизија впечатокот е: попари, искуби и замини за периодот 2017-2021

Само до пред 100 денови секојдневно слушавме најави дека сите сомнежи за кpиминал ќе почнат да се pacветлуваат од првиот ден со доаѓањето на новата власт.

Темите за индиции за кpиминал во набавката на автобусите, адвокатските услуги во јавните претпријатија, набавката на резервни делови, привремени вработувања, легендарното мовче од “милион евра”, булеварот, сообраќајните знаци од по 8.000 евра еден… и уште многу теми, беа мотив да се чека разврската за овие небулози.

Наместо официјални бројки за борчот на општината и јавните претпријатија, до денеска ниту една институција не излезе со официјален пресек колку е задолжена. Во 105 денови нема ниту една пресконференција од раководителите на таа тема.

Дали има превработеност и каде? Дали има несоодветни кадри на раководни места? Овие се прашања на кои прилепчани очекуваат одговори.

Да Ве потсетиме дека во првите месеци од мандатот во 2017., за најбанални работи тогашаната власт на екс градоначалникот му поднесе преку 25 обвиненија, исто така и на директорите на ЈП…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.