Плочките во купатилото ќе блескаат како нови – испрскајте ги со средство кое сами дома ќе го направите

Сите жени ќе се сложат дека одржувањето на домот е прилично тешка работа (која никогаш нема крај), а тука посебно би ги истакнале најопасните зони – кујната и бањата (покрај детската соба, секако).

Денес ќе се задржиме на бањата. Навистина е тешко да се одржува бањата чиста, а средствата за чистење кои ги купуваме се многу јаки, а често и многу скапи. За среќа, постојат подеднакво ефикасни средства кои можеме да ги направиме сами и кои нема многу да не чинат. Така, воопшто нема потреба да ги купуваме скапите средства преполни со најразлични хемикалии кога истите, ако не и подобри резултати, можеме да постигнеме со сосема природни средства.

Кога станува збор за бањата (а и кујната), една од најтешките работи е чистењето на фугите помеѓу плочките. Ако и вие имате проблем со ова, ви нудиме одлично природно средство со помош на кое вашите плочки ќе светнат. Се што ви е потребно се 3 состојки кои сигурно веќе ги имате дома – сода бикарбона, лимон и алкохолен оцет. Со ова ефикасно средство ќе ги извадите нечистотиите од плочките и од фугите без никаков проблем и без никакви несакани последици.

Потребни состојки: 1 литар вода, 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон, 1/4 чаша алкохолен оцет

Начин на подготовка: Измешајте ја содата со водата и потоа додадете го сокот од лимон, и на крај додадете го оцетот. Ќе дојде до мала хемиска реакција и затоа почекајте да се смири и потоа можете да го користите средството.

Како се користи:

Најдобро е да ја ставите течноста во шише со распрскувач бидејќи така ќе ви биде полесно да ја користите. Испрскајте ги плочките со средството и оставете да делува барем половина час . Потоа убаво истријте со сунѓерче или со четка.

Ќе бидете воодушевени од резултатите!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.