Фестивали, настани… сите организираат, заработуваат, а никој не ја надоместува штетата. Плочникот на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп е во катастрофално лоша состојба. Испокршени и лизгави плочки, оштетени и крајно небезбедни скалички… сето тоа како последица на масовните собири, фестивали, концерти, а се разбира и поради дотраеност.
Крајно време е надлежните да го реновираат овој простор во централното градско подрачје, кој беше изграден во 2006 година.