Србинка сподели едно пријатно искуство, кое таа и нејзиното семејство го дожвеале во Прилеп на враќање од одмор од Грција.
Надежда Чортановиќ и семејството преку граничниот премин Меџитлија се упатиле кон дома, но на пат решиле да застанат и да го посетат нашиот град и да, единствено за да си купат вкусен прилепски бурек за доручек.
Но биле изненадени кога на каса не можеле да платат со картичка, па луѓето се почувствувале непријатно, но потоа следувало ново пријатно изненадување.
Во буркџилницата чекале на ред едно младо момче и еден по возрасен прилепчанец. Тие извадиле пари и им го платиле доручекот. Притоа српските туристи инсистирале кога ќе обезбедат денари да им ги вратат, но нивниот предлог бил одбиен од овие наши добранемерни соѓраѓани, со желба да им биде на здравје доручекот и среќен патот.
Објавата на Надежда на социјалните мрежи наиде на илјадници лајкови и стотици коментари од целиот Балкан.
Секоја чест за непознатите херои кои во оваа ситуација ја спасиле честа на Прилеп и прилепчани и успеале всушност да не’ претстават онакви какви што сме, гостопримливи и луѓе со големи срца.