Платеничката револуција го покажа вистинското лице: Застана зад лидерот осомничен за криминал од 8 милиони евра украдени од државата

Рамо до рамо, високиот политички врв на СДСМ, на чело нивниот лидер Зоран Заев денеска беа во првите редови на протестите на Шарената револуција, фрлајќи боја врз фасадата на Министерството за правда. Лидерот на СДСМ, со вандалскиот чин на фрлање боја на Министерството за правда конечно го покажа висинското лице, дека не само што е лидер на опозицијата туку е и лидер на Шарената револуција.

 

zaev1

Насилните демонстрантите за кои се покажа дека се платеници на Сорос деновиве на насилни протести наводно бараа укинување на аболицијата барајќи еднаквост пред законот.

2

Денеска со аплауз истите платеници го поздравија својот лидер аплициран за криминал тежок 8 милиони евра. Освен за овој криминал Заев е осомничен и за барање едно евро за „Вицето“

Неговата партнерка Шекеринка исто така беше инволвирана во сериозен криминал за кој беше осомничен и аболициран нејзиниот сопруг. Според информациите објавени во медиумите таа и Божидар Јанковски сами себе си издавале станови.

Семејството на Шеќеринска во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари.

zaev11

Покрај нив му се придружија и Петре Шилегов, Оливер Спасовски, како и Стефан Богоев, а балони со боја кон Министерството гаѓаше и претседателот на ПЕИ Фијат Цаноски.

canovski




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.