Платата е 6.000 евра, а никој не сака да работи: На Австрија и недостигаат туристички работници – и покрај големата плата нема заинтересирани

Во Австрија се нуди работа за плата од 6.000 евра, но никој не е заинтересиран. Во моментов има голема потреба од персонал во домашните скијачки центри, особено по карантинот, а карта за скијање, наводно, можат да купат само вakцинираните, пренесува rtl.hr.

Од друга страна, тензијата на пазарот на трудот расте, поради недостигот на работна сила, а притисокот го чувствува и Австрија. Според порталот heute.at, Питер Мајер се обидува да посредува со својата агенција, а компаниите од градовите Ишгл, Зелден и Кицбил оваа сезона нудат од 4.500 до 6.000 евра за добар готвач кој течно зборува германски.

Повторното затворање на земјата предизвика бран на откази во хотелиерството и со тоа „ладен почеток“ на скијачката сезона. Со отворањето, пак, треба повторно да започне зимската сезона. За разлика од минатата година, рестораните ќе бидат отворени, но познатите Aprés-Ski-Partys забави не се дозволени. Сепак, тоа не ги одвраќа туристите да планираат одмори и скијање. И додека резервациите полека се зголемуваат, бројот на вработени во скијачките центри продолжува да се намалува.

Генералниот директор на секторот за туризам и рекреација во Тиролската стопанска комора, Томас Гајгер, е загрижен поради зголемениот недостиг на кадар. Тој вели дека „предизвикот за компаниите е подраматичен од кога било“. Само во службата АМС се регистрирани речиси 4.500 слободни работни места, а реално потребата од вработени е многу поголема.

– Во моментов апликациите не се ниту од Германија, ниту од странство. Многу постојани вработени, исто така, ја напуштија индустријата поради недостаток на безбедност на планирањето. Постојаното отворање и затворање е „отров“ за индустријата – рече тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.