Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 10,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10 отсто и транспорт и складирање за шест отсто.
Инаку, споредено со јануари 2019, кога платата била 24.517 денари, платата е намалена за 325 денари.