ПИЦАТА МУ ГО ДОНЕСЕ БОГАТСТВОТО:Ова е милијардерот со македонско потекло

Мајк Илиќ (Михаил Илиевски) е македонски мултимилијардер кој живее и работи во Америка. Роден е во Детроит, а бизнисот го започнал продавајќи пица.

majk-ilievski-pica

Тој успеал да создаде сопствена продавница која подоцна ја претворил во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е доста позната и во Америка и во Канада.

Илич е вклучен и во спортот, па така после фантастичната понуда за добивање на „NHL“ франшизата со што ги добил „Detroit Red Wings“, а подоцна ја добил и франшизата на бејзбол асоцијацијта за „Detroiot Tigers“ – и со двете франшизи успеа да направи пари кога „Detroit Red Wings го освои „Stanley Cup“ во сезоната 1996/1997 и 1997/1998 година.

Освен пицеријата, Илич заедно со сопругата ја купија историската зграда на театарот „Fox“ во јули 1987 година, а после реновацијата вредна 200 милиони долари, беше отворена во 1988 година. Во 1993 година Илич го отвора театарот „Second City“ кој се наоѓа веднаш до театарот „Fox“.

Освен бизнисмен, Мајк е и голем филантроп. Една од неговите први филантропски активности беше „The Little Caesars Love Kitchen“, основана во 1985 година. Ресторанот кој патува бил формиран за да ги нахрани гладнитее и да помогне со храна за време на национална катастрофа. Програмата е призната од поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш и Роналд Реган, и има послужено повеќе од 2 милиони луѓе во Америка и Канада.

Во 2006 година, инспириран од ветеран кој ги изгубил двете нозе во војна, Илич ја основал програмата „The Little Caesars Veterans“ со цел да им овозможи на отпуштените ветерани можност за бизнис.

„The Little Caesars Amateur Hockey“ програмата основана од Илич во 1968 година има за цел да им овозможи можности на десетици илјади млади луѓе. Не само што програмата им даде насока на голем број исклучително талентирани играчи за да стигнат до „NHL“, туку им помогна на овие играчи да развијат карактер внатре и надвор од теренот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.