Пиродниот гас ќе биде достапен за сите граѓани на Република Македонија, следува јавен повик

Ќе се започне нов процес за достапност на природниот гас до граѓаните на Република Македонија.

 

gjorgjiev

Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, на вчерашната седница на Влада донесена е одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас.

Ѓорѓиев информира дека ќе бидат опфатени сите три региони и дека истиот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство за кое во следниов период ќе биде објавен јавен повик.

Досега тимови составени од експерти од оваа област направија целосна анализа при што било утврдено дека има потреба од нови пристапи и решенија за достапност на природниот гас до граѓаните на Република Македонија.

-Владата беше посветена на изградба на магистрални гасоводи. Досега е завршен магистралниот гасовод Клечовце-Штип, а започната е изградбата на гасоводот Штип-Неготино. Изградбата на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар преку Тетово планирано е да започне во периодот што следи, изјави Ѓорѓиев.

Советникот за енергетика Кристијан Мицкоски појасни дека  одлучено е за 30 нови постапки меѓу кои периодот на концесија од 20 е зголемен на 30 години, цената за приклучок е намалена од 100 на 80 евра при што остатокот го субвенционира Владата, како и дека опфатени ќе бидат сите општини со што природниот гас ќе биде достапен за сите граѓани.

Тој додаде дека е одлучено и за гаранција за поинтензивна динамика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.