Пејачот Миладиноски на вечерашниот пpoтecт: “Велат нè нема, а и во Македонија не нè признаваат, ама еве тука сме!” (Видео)

На денешниот протестен марш против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој продолжи по старата маршута Влада, Министерство за надворешни работи, македонско Собрание, се обрати и младиот музички уметник, Влатко Миладиновски.

Првично, тој настапи со својата песна „Велат не нема“, која една од најубавите понови македонски песни, чии автор се легендарните Тоде Новачевски и Крсте Наумовски, кои напишаа некои од најубавите македонски народни и забавни мелодии.

Текстот на песната ја опишува и актуелната состојба во која се наоѓа Македонија и македонскиот народ кој е негиран, почнувајќи од соседи, па и земјите во поширокото опкружување.

После интерпретирањето на песната, Миладиновски пред присутните македонски граѓани кои го искажаа револтот против бугарските барања кои се содржани во францускиот предлог, цитирајќи ја песната, истакна:

-Велат не нема и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Македонија не не признаваат, ама како што вели песната, еве сме. Велат не нема, велат дека не нема и во Егејска Македонија, велат дека не нема и во Пиринска Македонија и тука не не признаваат, ама само велат и тие сакаат да не нема. Меѓутоа, затоа песната вели „Велат не нема, ама еве сме, рече Миладиновски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.