Откако се крена голема време по изјава на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека со 17.000 денари едно семејство може да живее сосема солидно, реакциите на социјалните мрежи се уште не стивнуваат.
Иако министерката Царовска се извини и преку социјалните мрежи се оправда дека нејзината изјава била извадена од контекст и испревртена, на социјалните мрежи се уште се води жестока дискусија за нејзиниот гаф.
Па така во критиките кон Царовска се вклучи и фолк пејачката Анета Наковска со следниот коментар.