Жаклина Пешевска му порача на Павле дека е на добар пат да стане судија.
-Сакав да ве гледам во очи кога се соочувате со одземање на имунитет. Ова е толку нечовечко, неколегијални. Многу ниско, премногу ниско, рече Пешевска.
Таа говореше и за нејзиното приведување и одземање имунитет, а на другите пратеници им посака никогаш тоа да не им се случи.
“Дали знаете што значи да ве разбудат во 5 часот сабајле и да ве приведат пред вашите деца? Искрено и од срце ви посакувам да не се најдете во таква ситуација. Болно и ниско е ова што ни се случува!
Павле Богоевски во очи те гледам и прашувам: Има ли правда? Има ли мир?”, напиша Пешевска на својот Фејсбук профил.